Францускиот играч за врска Набил Фекир конечно би можел да се пресели во Премиер лигата, откако пред две години му пропадна неговиот трансфер во Ливерпул.
Бетис во јули 2019-та година плати 20 милиони евра на Лион за играч кој една година претходно беше на чекор до Ливерпул за 70 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Фекир не успеа да ги помине лекарските прегледи на „Енфилд“, но откако стана светски шампион со Франција, се пресели во Шпанија.
Сега за неговиот потпис е заинтересиран Арсенал, кој бара замена за Себаљос.
Микел Артета во него гледа идеално засилување за средниот ред, па „топџиите“ веќе почнале да работат на трансферот.