Дома Трансфер зона Бетис доведе играч на ПСЖ и го претстви во стил на „X фактор“ (видео)

Бетис доведе играч на ПСЖ и го претстви во стил на „X фактор“ (видео)

Летниот преоден вчера заврши во сите најсилни европски лиги, некаде веќе беше завршен, а многу клубови беа активни до последниот момент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интересно беше во Севиља каде што Бетис до последните минути го завршуваше трансферот на играчот за врска Џовани Ло Селсо кој пристигна од ПСЖ.

Бетис успеа да договори позајмица до крајот на сезоната за овој 22 годишен играч.

Шпанскиот клуб на својот „Твитер“ профил го потврди трансферот на Ло Селсо, но тоа го направи на несекојдневен начин.

Го претставија Ло Селсо на начин како клубот да бара вистински музичар, а на „аудицијата“ присуствуваа неколку сегашни играчи на Бетис, на крајот играчот на ПСЖ беше нивниот избор.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…