Голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено ги договорил личните услови со Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
Наполи е во потага по нов голман после заминувањето на Пепе Реина, па иако првично го сакаа Руи Патрисио, сепак Анчелоти го избра германскиот голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Работиме на овој трансфер веќе подолг период и се надеваме двата клуба да се договорат што е можно побрзо. Лено веќе се договори со Наполи, се надеваме дека во следните неколку дена трансферот ќе се комплетира“, изјави агентот на фудбалерот.