Бернардо Силва минатата сезона, посебно во финишот беше еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, а летово се поврзуваше со заминување.
Се пишуваше долго време за можен трансфер на Силва во Барселона или Пари Сен Жермен, сепак на крајот Португалецот донел одлука да остане во Манчестер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите на еден од најпознатите новинари кога во прашање е трансфер пазарот, Фабрицио Романо, Силва ќе потпише нов договор со англискиот шампион.
Mинатата сезона Силва одигра дури 55 натпревари, а посебно се истакна во завршницата од сезоната во важните натпревари за „граѓаните“. Сезоната ја заврши со седум гола и осум асистенции.