Реал Мадрид објави видео и прикажа како ќе функционира новиот „Сантијаго Бернабеу“.
Целосно „Бернабеу“ не е довршен, проектот би требало да заврши за една година, а клубот на новиот дизајн потроши 700 милиони евра и од него очекува големи приходи во иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од работите кои импресионира е системот кој ја претвора тревата во терени за тенис и кошарка. Во Мадрид веруваат дека во иднина можат да бидат домаќини на НБА и НФЛ натпревари, па така би обезбедиле и дополнителни приходи.
На местото на вистинската трева со најсовремени „послужавници“ доаѓа вештачка трева на која може да се организираат други спортови, саеми, концерти…