Дома Тенис Беретини го совлада Тим за историска победа

Беретини го совлада Тим за историска победа

Матео Беретини во третиот меч дојде до првата победа во дебитантскиот настап на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако го совлада Доминик Тим во два сета со 7:6,6:3.

Италијанецот знаеше дека нема никави шанси да се пласира во наредната фаза, но имаше мотив да дојде до првата победа на еден завршен турнир, па тоа беше пресудно за неговиот настап.

Беретини при 5:4 сервираше за сет, но дозволи Тим да направи брејк и дуелот да го однесе во тајбрејк, каде подобар беше Италијанецот. Во вториот сет прв дојде до бејк, го зачува до крајот и го освои сетот со 6:3.

„Ова е неверојатна сезона, горд сум на себе. Не очекував да бидам тука на почетокот на сезоната. Се надевам дека ќе се вратам тука следната година“, истакна Беретини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Европски двоен предизвик: Работнички во Грција, Јанта домаќин во Куманово

Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ денеска го отвораат настапот во женскиот Челинџ куп. Ма…