Дома Фудбал Англија Бербатов: Сите во Манчестер Јунајтед треба да се засрамат!

Бербатов: Сите во Манчестер Јунајтед треба да се засрамат!

Продолжуваат критиките на сметка на Манчестер Јунајтед, а откако тоа го направи легендарниот Пол Сколс (ТУКА) сега на таа тема зборуваше и Димитар Бербатов.

Против Астон Вила Манчестер Јунајтед одигра 0:0 и во овој натпревар за играч на натпреварот беше прогласен 36 годишниот Џони Еванс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сите фудбалери што играа во тој натпревар треба да се засрамат што 36-годишник е прогласен за играч на натпреварот. Критиките се оправдани затоа што 14-тата позиција е неверојатно нешто за таков клуб“, изјави Бербатов.

Во тимот на Манчестер Јунајтед, Еванс е единствениот кој учествуваше во освојувањето на последната титула во Премиер лигата во 2013 година.

Дел од тој тим беше и Бербатов. Еванс во 2015 година го напушти клубот, а потоа играше за ВБА и Лестер пред да се врати на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатен „проектил“ на Валверде го „стресе“ Атлетико Мадрид (Видео)

Федерико Валверде го отвори резултатот во мадридското дерби уште во втората минута, носејќ…