Дома Трансфер зона Бенфика ги шокира гигантите, постави огромна цена за Нуњес

Бенфика ги шокира гигантите, постави огромна цена за Нуњес

Бенфика нема да ја продаде евтино својата ѕвезда Дарвин Нуњес. 22-годишниот Уругваец е мета на голем број европски гиганти.

Од „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да добијат максималната сума од неговата продажба, па поставија цена од 120 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нуњес е во трансфер плановите на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг и сака да го доведе на „Олд Трафорд“. Сепак, оваа цена може да ги одбие „црвените ѓаволи“ и да се фокусираат на поевтини алтернативи за да го засилат нападот.

За уругвајскиот напаѓач се заинтересирани и Атлетико Мадрид, Ливерпул, Арсенал и Њукасл. Сепак, и овие клубови ќе бидат прилично шокирани од одредената цена и не е ни чудо што многу од нив ќе се повлечат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…