Дома Фудбал Бензема: Флорентино ме задолжи, особено откако излегов од затвор

Бензема: Флорентино ме задолжи, особено откако излегов од затвор

„Оној кој доаѓа на стадионот да свири, тој ќе свири. Не сум тука да го менувам нивното мислење“, истакна Бензема.

Карим Бензема тврди дека не се насочува кон пишувања, туку е свесен дека оние кои го разбираат фудбалот добро знаат каква е неговата улога на теренот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Французинот вели дека секогаш е насочен на резултатите на комплетниот состав.

„Не се грижам ако моето име се најде во весниците, тоа ништо не значи. Она што не го сакам е кога ме напаѓаат кога играм добро, но не постигнувам погодок. Јас играм за оние кои го почитуваат она што го правам на теренот. Оној кој ќе дојде да свири на стадион, тој ќе продолжи да свири. Нема да го менувам нивното мислење. Најдобрите играчи на теренот секогаш се критикувани. Ние ги продаваме весниците. Јас играм фудбал, секогаш сум тука да им помогнам на своите соиграчи и се обидувам да освојам се“, истакна Бензема.

А потоа следеа сериозни пофалби на своја сметка.

„Многу размислувам кога сум на теренот. Како да имам компјутер во главата, пред да ја примам топката сакам да видам што другите можат да направат. Но, навивачите се навивачи, тие се дел од фудбалот“.

Флорентино Перез е некој кој засекогаш го задолжи Бензема.

„Ми беше сон да запознаам некој како него, мирен и фин. Ме праша дали сакам да играм за Реал Мадрид и кажав да. Му го дадов својот збор потоа. И во добри и во лоши времиња знам дека тој е мојот претседател, дека ми е како семејство. Кога се случи случајо Валбуена и кога еден ден бев во затвор се вратив тажен во Мадрид, но Флорентино ме чекаше во тренинг центарот и ми даде голема поддршка“, откри Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрицио Романо: Готово е – Димитриевски има нов клуб!

Голманот на македонската фудбалска А репрезентација, Столе Димитриевскиод следната сезона …