Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва без поголеми проблеми славеа во Барселона против Еспањол во натпревар од 21. коло во шпанската Ла Лига.
Реал во овој натпревар поведе уште во 4. минта преку Бензема, кој вечерва беше расположен за игра. Само 11 минути подоцна, Кралевите преку Рамос дојдоа до водство од 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Домашниот тим во натпреварот се врати во 25 минута преку Баптиста, но во последната минута од првиот дел Бензема со прекрасен погодок носи ново водство од два гола разлика.
Второто полувреме донесе по еден гол на двете страни и црвен картон. Герет Бејл влезе во игра во 64. минута, а само три минути подоцна погоди за 4:1. Конечниот резултат на натпреварот го постави Росалес на девет минути пред крајот. Реал Мадрид натпреварот го заврши со десет играчи на теренот откако Варан заработи црвен картон.
Кралевите се трети на табелата, со десет бода минус во однос на Барселона, додека Еспањол остана на 15. позиција со 24 освоени бода.