Утре на програмата е „Ел Класико“ и ова ќе биде второ соочување на големите шпански ривали.
Французинот Карим Бензема е во одлична форма и тој ќе биде предводникот на нападот на „кралевите“. Французинот очекува тврдо и неизвесно надигрување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Натпреварот со Барселона е најголемиот на светот. Не само за мене, туку и за најголем дел од навивачите. Така е поради историјата која ја имаат двата клуба. Важно е секогаш да се оди на победа. Ние ќе играме на победа, ова е како едно финале за нас, исто е сигурно и за нив“, смета Бензема.
На првиот натпревар кој се играше на „Камп Ноу“ Реал ја победи Барса со убедливи 1:3.