Италијанскиот фенерџија не се откажува, сака нови две нови звучни засилувања за опстанок во Серија А.
Откако врзаа две победи против Киево и Сампдорија, екипата на Беневенто повторно врза една мини серија на порази. Овој клуб има само седум бодови на своето конто и 13 помалку од првиот тим кој е над опасната зона, Кротоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џанлука Ди Марцио кој е специјалист за трансфер пазарот во Италија пренесува дека Беневенто има големи амбиции и ќе се обиде да ги ангжира Самир Насри и Алекс Сонг.
И двајцата фудбалери се без клуб од овој јануари. Сонг го напушти Рубин, додека Насри после финансиските проблеми ја напушти Анталија.
Ди Марцио не наведува колкави се шансите Италијаните да ги доведат поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, меѓутоа потсетува на претходните случаеви.
Беневенто оваа зима веќе ги доведе Бакари Сања и Сандро, кои не така одамна важеа за респектабилни фудбалери во Премиер лигата, односно Шеик Диабате и Филип Џуричиќ фудбалери кои и не се премногу познати на фудбалската јавност.