Беневенто минатата сезона играше одлично во Серија Б, меѓутоа Пипо Инзаги е свесен дека Серија А е нешто поинакво.
Во Беневенто се свесни дека им се потребни засилувања, па затоа го ангажираа искусниот Џанлука Лападула, поранешниот напаѓач на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 30 годишник минатата сезона беше член на Лече каде што играше како позајмен играч од Џенова. Со Беневенто тој потпиша договор до 2023 година.
Со Милан Лападула успеа да го освои италијанскиот Суперкуп во 2017 година. Лападула ги помина и младинските селекции на Јувентус, а на Апенините играше уште за Парма, Равена, Чезена, Фросиноне, Терамо и Пескара.
? BENVENUTO GIANLUCA?
— Benevento Calcio (@bncalcio) September 2, 2020
?? #BENVENUTOLAPADULA #LAPAGOL #ForzaStrega #BeneventoCalcio
? Leggi il comunicato sul nostro sito ufficiale
?? https://t.co/51Td7WzzDv pic.twitter.com/7GMFpT94dG