Сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам е решен во намерата да направи супер силен тим на Флорида.
Многу големи имиња на светскиот фудбал се поврзуваат со неговиот клуб, а според наводите на англиските медиуми Герет Бејл и Хамес Родригез се новите имиња кои се негова мета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дуото е на излезни врати од Реал Мадрид, Зидан не смета нив, а Бекам сака да ја искористи шансата да ги доведе на Флорида.
Бејл неодамна призна дека би сакал да игра во МЛС. Меѓутоа истакна дека како град го сака Лос Анџелес, но веројатно и Мајами не би му пречело ако понудата на Бекам биде добра.
Хамес исто така се поврзуваше со МЛС клубовите. Тој наводно е поблиску до тимот на Бекам од Бејл. Трет фудбалер кој се поврзува со Интер Мајами е Артуро Видал.
Ако успее да ги доведе овие тројца со уште некое засилување Интер Мајами сигурно би бил кандидат за титулата.