Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу призна дека последните големи инвестиции во клубот се со цел на „Камп Ноу“ да бидат спремни за жувот после Меси.
Легендарниот Аргентинец веќе има 31 година и сигурно уште неколку години ќе игра на врвно ново, но Каталонците веќе работат за иднина без Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам дека ќе дојде и тој ден кога Меси ќе се повлече од фудбалот. Треба да го подготвиме клубот за иднината. Носиме одлични млади фудбалери во тимот, бидејќи треба да ја продолжиме ерата на успеси“, истакна Бартомеу.
„Тоа е нашата одговорност. Мојот мандат ќе заврши после две години, па треба да го оставам клубот во силна позиција и да му оставам наследство на новиот претседател“, заклучи Бартомеу.
Barcelona president Josep Bartomeu admits big-money signings are proof of club preparing for life after Lionel Messi retires from football https://t.co/3CIIG3SGUA
— MailOnline Sport (@MailSport) February 8, 2019