Дома Трансфер зона Бартомеу кон Дембеле: Остануваш во Барселона!

Бартомеу кон Дембеле: Остануваш во Барселона!

И покрај шпекуалциите дека Осман Дембеле после само една сезона може да ја напушти Барселона, сепак Французинот останува на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После сезоната на адаптација кон шпанскиот фудбал, која беше успорена со повреди, Дембеле е спремен да ја оправда големата инвестиција на Барселона.

Каталонските медиуми пренесуваат дека претседателот Бартомеу лично разговарал со Дембеле и го уверил дека сигурно останува на „Камп Ноу“ и да не обрнува внимание на шпекуалциите.

Медиумите додаваат дека имало понуди од англиски клубови за Французинот, но Барселона дури не сакала да ги разгледува.

21-годишниот крилен напаѓач минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…