Дома Фудбал Бартомеу ги моли играчите да ги намалат платите

Бартомеу ги моли играчите да ги намалат платите

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу ќе ги замоли фудбалерите да направат финансиска „жртва“ со оглед на новонастанатата ситуација и пандемијата со коронавирус.

Според каталонските медиуми Бартомеу лично ќе разговара со играчите на таа тема за да не дојде клубот до финансиски потешкотии.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


На „Камп Ноу“ не гледаат начин како ќе биде исполнет планираниот буџет од 1,047 милијарда евра. Дури и приходите од ТВ правата да останат исти, со сигурност преостанатите натпревари ќе се играат без публика, а тоа се огромни загуби.

Платите на фудбалерите претставуваат точни 61% од буџетот на каталонскиот клуб, а денес ќе има средба меѓу раководните лица за да се разгледува оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер, Милан и Јувентус се „тепаат“ за новата италијанска ѕвезда

Откако го обезбеди привлекувањето на напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони, Интер има намера …