Бразилскиот репрезентативец, Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.
Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата.
Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во летниот за неговиот потпис.
Најсилен интрес за Бразилецот покажуваат Њукасл, Вест Хем и Тотенхем, а Барселона за неговата слобода бара 50 милиони евра.