Дома Трансфер зона Барселона тврди: Нема да купуваме во јануари!

Барселона тврди: Нема да купуваме во јануари!

Актуелниот шпански шампион Барселона не планира привлекување на нови фудбалери во зимскиот преоден рок.

Иако медиумите ги поврзуваат Каталонвите со неколку нови засилувања, претседателот Бартомеу категирично изјави дека клубот нема да донесе нови фудбалери во јануари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Првиот тим ни е помал од вообичаеното, но нема да купуваме нови фудбалери во јануари, освен ако тренерот Валверде не посака одреден фудбалер. Не планираме да носиме нови засилувања во зимскиот преоден рок“, изјави Бартомеу.

„Секогаш можеме да го засилиме тимот со фудбалерите од вториот тим. Таму има неколку фудбалери кои даваат сигнали дека се спремни да заиграат за првиот тим“, додаде претседателот на Барса.

Барселона иако има само една победа во последните пет меча, во моментов е лидер во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи руши рекорди за ѕвездата на Брајтон

Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Брајтон, Жоао Педро и е спремен да плати неверо…