Дома Трансфер зона Барселона спремна да го продаде Ансу Фати, одредена и цената?

Барселона спремна да го продаде Ансу Фати, одредена и цената?

Во текот на актуелната сезона крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати има слаба минутажа. Запиша Фати само 16 натпревари, но скоро сите беа само од клупите за резерви и вкупно на теренот помина околу 500 минути.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез пишува дека португалскиот агент и ставил до знаење на Барселона дека ако Фати продолжи да не добива поголема минутажа ќе се обиде да го продаде во текот на летото.

Уште еден шпански новинар, Маркал Љоренте додава дека Барселона е спремна да го пушти Фати уште во јануари.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.

Неговиот договор со Барселона е со важност до 2027 година и има клазула од милијарда евра. Според информациите на Шпанците Барса е спремна да го продаде за околу 70 милиони евра.

За Барселона Фати дебитираше уште во 2019 година како 16-годишник и беше најавуван како еден од најголемите таленти во поновото време на „Ла Масија“. Неговата клупска статистика е 26 голови на 83 натпревари.

Треба да се спомене дека на неговиот развој големо влијание има и повредите поради што подолго време беше и надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…