Ансу Фати важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но има уште една слаба сезона за Барселона.
Агентот на Фати, Жорге Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе му бара нов клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Португалскиот агент и ставил до знаење на Барселона дека ако Фати продолжи да не добива поголема минутажа ќе се обиде да го продаде во текот на летото.
Мендеш веќе го понудил Фати на четири клуба од Премиер лигата, меѓу нив и Манчестер Јунајтед, кој минатото лето покажа интерес за талентот.
На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.
Неговиот договор со Барселона е со важност до 2027 година и има клазула од милијарда евра. Според информациите Барса е спремна да го продаде за околу 70 милиони евра.
Reports coming out of England say that Ansu Fati has been offered to four Premier League clubs by agent Jorge Mendes.
— Football España (@footballespana_) March 13, 2023
Amongst them are #MUFC, who Sport have previously claimed had asked Barcelona about his situation. #fcblive pic.twitter.com/HDE0geEC6d