Тимот на Барселона би можел во своите редови да доведе одлично засилување и тоа Србин.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја воодушеви фудбалската јавност и поради тоа е на мета на голем број европски гиганти, а сега помеѓу нив се појави и Барселона. Претходно со Савиќ најмногу се поврзуваа Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скаути на Барселона го следеле вчерашниот натпревар на „Олимпико“ во кој Лацио загуби со 1:3 од Торино.
Човекот кој најмногу сака да го види Савиќ на „Ноу Камп“ наводно е Ернесто Валверде кој смета дека тој би бил многу поупотреблив од Фелипе Кутињо бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Сега, дали ова е само притисок на Ливерпул кој не се откажува од своите намери и бара 150 милиони во јуни останува да видиме, не е познато, но Савиќ сигурно ќе биде на „слатки маки“ во изборот на неговиот нареден клуб.
Иначе, доколку овој трансфер би се реализирал, Савиќ би бил вториот фудбалер после Драган Чуриќ кој би го облекол дресот на Барселона.