Дома Топ вести Барселона спреми понуда за Левандовски

Барселона спреми понуда за Левандовски

Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра на Баерн Минхен за потписот на Роберт Левандовски, пренесува каталонски „Спорт“.

Ако е потребно таа сума ќе достигна до 60 милиони евра, пренесува весникот кој е близок до Барселона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Вчера каталонски „Спорт“ ексклузивно објави дека Левандовски сака да се пресели во Барселона и дека неговиот агент Пини Захави е во постојан контакт со претседателот Жоан Лапорта.

Левандовски на лето влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен, а неговиот агент потврди дека нема најави за продолжување на соработката.

Поради тоа големи се шансите полскиот голгетер да ја промени средината на лето, а негов прв избор е Барселона.

Барселона е спремна да понуди 50 милиони евра и се верува дека таа сума ќе ги задоволи финансиските апетити на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблеми во Париз: Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ?!

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од…