Дома Трансфер зона Барселона се откажува од Тонали поради високата цена

Барселона се откажува од Тонали поради високата цена

Барселона го оладува својот интерес за италијанскиот талент Сандро Тонали, поради високата цена која ја постави Бреша за неговиот потпис, пренесува „Мундо Депортиво“.

Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.

Според последните информации Бреша е спремна на лето да го пушти својот „бисер“, но само доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека токму тоа е причината Барселона да се откаже од италијанскиот талент бидејќи смета дека цената е премногу висока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард…