Во Барселона се разгледуваат опции за замена на Кун Агуеро кој поради проблемите со срцето ќе мора да паузира, најавени се три месеци, но може да биде и подолго.
Меѓутоа во Барселона нема многу пари за да се доведуваат скапи засилувања, па клубот ќе мора да бара поевтини решенија. Дека не се сигурни каква ќе биде ситуацијата во јануари потврди и спортскиот директор на клубот, Матео Алемани (тука).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради таквата ситуација „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона ја разгледува можноста за доведување на напаѓачот на Базел, Артур Кабрал. Клубот веќе стапил во контакт со Кабрал кој во овој момент најдобриот стрелец во новоформираното натпреварување на УЕФА, Лигата на Конференции.
23-годишниот Бразилец сезонава постигна 13 огла на 13 натпревари во швајцарското првенство.