Дома Трансфер зона Барселона се засили со 16-годишен бугарски фудбалер

Барселона се засили со 16-годишен бугарски фудбалер

Барселона заврши изненадувачки трансфер и тоа во Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од наредната сезона дел од тимот од Каталонија ќе биде 16-годишниот Мартин Георгиев. Станува збор за талентиран дефанзивец од Славија Софија кој е роден 2005 година. Тој прво ќе се придружи на „Б“ тимот на Барселона, но ќе тренира и со првиот тим.

За каков талент станува збор говори и податокот дека оваа сезона веќе собра седум настапи за првиот тим на Славија, а пет од нив беа во првенството. Георгиев на Барселона ќе се придружи во јуни и наскоро би требало да бидат познати и останатите детали од овој интересен трансфер.

Во Барселона еден бугарски фудбалер веќе остави голема трага во минатото, секако станува збор за Христо Стоичков и ако Георгиев биде барем приблжно успешен сигурно ќе има одлична кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…