Шпанскиот гигант Барселона покажува сериозен интерес за двајца дефанзивци на Челзи.
Станува збор за Асполикуета и Кристенсен, на двајцата договорите со Челзи им истекуваат на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона стапила во контакт со нивните агенти и сака да ги доведе на лето како слободни агенти.
Новиот тренер на Барселона, Чави инсистира да биде засилена одбраната, а негова прва желба е Матијас де Лихт од Јувентус.
Меѓутоа, Холанѓанецот е премногу спак, па поради тоа Каталонците ќе се насочат кон двајцата играчи на Челзи, кои на лето ќе бидат слободни агенти.