Чави побара од раководството на Барселона да почне преговори за нов договор на Французинот.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека раководството на Барселона во наскоро ќе започне преговори со неговиот агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата година во јануари Барселона бараше од Дембеле да си замине откако одби да го продолжи договорот. Меѓутоа, Французинот остана, а во јуни стави потпис на нов договор.
Меѓутоа, Дембеле потпиша краток договор до 2024 година, па на лето повторно ќе влезе во последната година од договорот и има откупна клаузула од само 50 милиони евра.
Поради тоа Барселона стравува дека може да го загуби напаѓачот и му нуди нов 5-годишен договор.
На Каталонците му се брза бидејќи неколку европски гиганти се спремни да ја платат откупната клаузула на лето.
🚨 Barcelona have offered a new 5-year contract to Ousmane Dembélé, until June 2028.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 11, 2023
(Source: @Luis_F_Rojo) pic.twitter.com/dQa5SuxJRT