Хаким Зијех не е задоволен од својот статус во Челзи и ќе побара трансфер во јануари, пренесуваат медиумите на Островот.
Зијех минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување од Ајакс, но не се снајде во Премиер лигата, па Томас Тухел не смета сериозно на него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе почнала преговори со Челзи. Чави смета дека Мароканецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
27-годишниот плејмејкер е голема желба на Каталонците и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Со оглед на лошата финансиска ситуација Барселона ќе се обиде да го донесе Зијех на позајмица со право на откуп.