Барселона во летниот преоден рок не успеа да ги реализира сите трансфер желби бидејќи е во лоша финансиска состојба.
Роналд Куман бараше да му биде доведен централен напаѓач, а Барселона немаше средства да го комплетира трансферот на Мемфис Депај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Каталонците ќе се насочат кон доведување на слободни играчи, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Барса уште во јануари ќе тргне по две големи ѕвезди.
Првата е Давид Алаба чиј договор со Баерн Минхен истекува на крајот на сезоната. Неговиот агент е во конфликт со Баварците и веќе стапил во контакт со Барселона, па уште во јануари може да потпише преддоговор со клубот од „Камп Ноу“.
Другиот играч е Анхел ди Марија од ПСЖ, кој се наоѓа во иста позиција и на лето ќе биде слободен агент. Барселона работи на негово привлекување и самиот играч сака да се врати во Шпанија.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона покажуав конкретен интерес и за Пол Погба, но тој трансфер ќе биде тежок за реализација.
El Barcelona tiene en agenda la situación contractual de David Alaba y Paul Pogba, que por ahora quedan libres en junio de 2021 y son seguidos de cerca como posibles refuerzos. pic.twitter.com/Keij81ruoN
— TyC Sports (@TyCSports) October 13, 2020