Барселона ова лето се соочи со големи проблеми, а не успеаа да доведат ни некои од планираните мети. На мета на Барселона бил и десниот бек на Норвич, Макс Аронс.
Аронс го привлече вниманието со своите настапи во Премиер лигата, иако неговиот клуб испадна во втора лига. Дефанзивецот прикажуваше сосема солидни настапи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците испратиле конкретна понуда за Норвич која била во вид на позајмица со право да го откупат неговиот договор, но не да бидат обврзани туку доколку имаат желба.
Токму таквата понуда била причина што Норвич се решил да ја одбие понудата, пренесува „Скај Спорт“.
Место Аронс сега Барселона ќе се обиде да го доведе Сержињо Дест од Ајакс, но тој сигурно нема да биде лесна мета.