Дома Топ вести Барселона не запира, испрати понуда за Кунде

Барселона не запира, испрати понуда за Кунде

Барселона е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и денес го договори трансферот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Каталонците претходно ги донесоа Франк Кеси, Кристенсен и Рафиња, но не мислат да застанат и следен на списокот е Жил Кунде.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Тренерот Чави сака да ја засили одбраната со врвен дефанзивец кој ќе биде долгорочен наследник на Жерар Пике, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Поради тиа главните финансиски средства во летниот преоден рок Барселона може да ги насочи толку кон Жил Кунде.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда од 58 милиони евра плус бонуси, што е приближно на сумата која ја бара Севиља.

Интерес за Кунде покажува и Челзи, но дефанзивецот преферира преселба на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…