Барселона сериозно се приклучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.
Каталонците се во потрага по квалитетен играч за врска кој може да биде наследник на Бускетс, а Чави смета дека Бразилецот би бил идеално засилување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
24-годишниот Бразилец пристигна во Њукасл пред една година за 45 милиони евра, но неговата цена многу порасна со неговите одлични настапи во Премиер лигата.
Њукасл не сака да се раздели со Бруно, но Барселона му нуди трампа која ќе вклучува пари и Рафиња.
🚨 Barcelona could try to sign Bruno Guimarães from Newcastle in a player swap deal.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 16, 2023
Raphinha could be included to return to the Premier League.
(Source: @RogerTorello) pic.twitter.com/9d6s6t6NZm