Дома Трансфер зона Барселона и Јунајтед се борат за ѕвездата на Евертон

Барселона и Јунајтед се борат за ѕвездата на Евертон

Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон потврди дека во јануари имал понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона, но „карамелите“ не сакале да се разделат со него.

Во јануари англиските медиуми тврдеа дека „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 70 милиони евра за потписот на Бразилецот, но Карло Анчелоти го блокирал трансферот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од „Камп Ноу“ дури предложиле и повисока понуда, од 85 милиони евра бидејќи сакале да го донесат Ричарлисон како замена за Луис Суарез, но и таа понуда била одбиена.

Двата европски гиганти се уште се во контакт со неговиот агент и ќе се обидат да го донесат и ова лето, но Бразилецот тврди дека останува во Евертон.

„Анчелоти ми кажа дека смета на мене и да не брзам со трансфер. Немам ништо проти да останам тука уште една сезона бидејќи под негово водство имам голем прогрес во играта“, изјави Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…