Дома Фудбал Барселона и Куман конечно си пуштија рака

Барселона и Куман конечно си пуштија рака

Барселона и Роналд Куман постигнаа договор за спогодбено предвремено раскинување на договорот, пренесуваат каталонските медиуми.

Клубот ќе му плати отштета од 10 милиони евра на холандскиот тренер откако му беше врачен отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До крајот на договорот Куман требаше да заработи 12 милиони евра, но двете страни постигнаа спогодба за разкин и Холанѓанецот се согласил да добие 2 милиони евра помалку.

За потсетување, Куман кога ја напушташе холандската репрезентација Барселона требаше да плати компензација од 6,5 милиони евра, но тренерот се согласи да ја плати сам.

Таа сума е вклучена во споменатите 12 милиони евра од неговиот договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Реал се огорчени: „Фудбалерот со број 25 дури пет пати го нарече Винисиус мајмун“

Страстите беа вжештени синоќа на првиот натпревар во плеј-офот за влез во осминафиналето н…