Дома Трансфер зона Барселона избра наследник на Левандовски, но ќе има голема конкуренција

Барселона избра наследник на Левандовски, но ќе има голема конкуренција

Роберт Левандовски игра во добра форма, но Барселона полека размислува и за негов наследник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ерлинг Халанд е желба, но тој веројатно е невозможна мисија во овој момент и затоа како реална опција се споменува Виктор Ѓеќереш од Спортинг.

26-годишниот Швеѓанец продолжи да тресе мрежи и сезонава веќе стигна до 20 голови во сите натпреварувања на само 16 натпревари, а Спортинг по заминувањето на Рубен Аморим тешко ќе го задржи.

Спортскиот директор на Барселона, Деко сака да ги искористи добрите односо со лисабонскиот клуб за кој настапува Франсиско Тринкао кој и понатаму е во сопственост на каталонскиот гигант.

Наводно Ѓеќереш има џентлменски договор дека може да го напушти Спортинг за сума помеѓу 60 и 70 милиони евра. Барселона според информациите би можела да го понуди и Витор Роке кој во овој момент е на позајмица во Бетис.

Бразилецот летово беше желба на Спортинг, меѓутоа тогаш Роке одлучи да оди во Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…