Дома Топ вести Барселона заштеди вистинско богатство со повлекувањето на Пике

Барселона заштеди вистинско богатство со повлекувањето на Пике

Жерар Пике вечерва го изненади фудбалскиот свет со објавата дека се повлекува од фудбалот.

Тој имаше договор со Барселона до летото 2024 година, но денеска објави дека ја става крај на кариерата и дека натпреварот против Алмерија ќе му биде последен на „Ноу Камп“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еден од најодликуваните фудбалери на сите времиња и човек кој може да се пофали дека ја делел соблекувалната и со Кристијано Роналдо и со Лионел Меси, во своето видео истакна дека после Барселона нема намера да игра за друг клуб.

Пике се откажа од договорот, договорот ќе биде раскинат и Барселона нема да има никакви обврски кон него, што е уште еден убав гест на овој фудбалер.

Колку и „прости“ на Барселона?

Пике добиваше плата од 200 илјади евра неделно, што би значело дека Барселона заштедила 15 милиони евра со договорот до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…