Дома Фудбал Останато Барселона го тужеше Сантос поради Габигол, Бразилците мораат да платат оштета

Барселона го тужеше Сантос поради Габигол, Бразилците мораат да платат оштета

Поради грешка на Сантос Барселона може да добие пари од трансферот на Габигол.

Сантос ќе мора да и плати на Барселона оштета бидејќи своевремено го прекршил договорот со каталонскиот клуб. Кога летото во 2013 година Барселона се договораше со Сантос за Нејмар во договорот беа вградени неколку клазули.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај натпреварот на Жоан Гампер купот во кој Сантос гостуваше на „Ноу Камп“, Барселона добила предност во однос на другите европски клубови за играчите на Сантос.

Тој договор бразилскиот тим го прекрши летото 2016 година кога го продаде Габигол на Интер за 30 милиони евра. Според договорот Сантос морал да ја извести Барселона за оваа понуда и на Каталонците да им даде шанса во наредните 72 часа да ја изедначат понудата доколку сакаат.

Сантос не остварил контакт со Барселона, па Барса го искористи тоа и го пријави случајот. Судот денес пресуди во нивна корист. За оваа грешка Барса од Сантос ќе добие 2.9 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…