Како што сега стојат работите, Пол Погба е пред заминување од Манчестер Јунајтед.
Мурињо веќе неколку натпревари го изоставуваше Погба од првиот тим, а после натпреварот во 1/8 финалето од Лигата на шампионите во кој Французинот исто така натпреварот го започна од клупата за резерви наводно и најавил на управата дека сака да го напушти „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво се појавија информациите дека Погба би можел да се врати во Јувентус, но тоа е малку веројатно бидејќи „старата дама“ сигурно не е спремна да му ја понуди платата која ја добива во Јунајтед.
Најновите информации говорат дека Погба го сака, ни помалку, ни повеќе туку Барселона. Наводно Мурињо нема ништо против да го пушти дефанзивниот играч за врска во Каталонија доколку за возврат го доби Иван Ракитиќ и одредена сума на пари.
Агентот на Погба, контроверзниот Мино Раиола според англиските медиуми веќе стапил во контакт со Каталонците и доколку Барселона е расположена во трансферот да го вклучи Иван Ракитиќ, се би можело и брзо да биде реализирано.
Погба во текот на оваа сезона одигра 24 натпревари за Манчестер Јунајтед постигна три погодоци и запиша 10 асистенции.
Manchester United star’s agent opens talks transfer with Champions League giants, opening possibility of smart swap deal #epl: Manchester United star Paul Pogba’s agent has contacted Barcelona
The France internation… https://t.co/IUWr6wivuF pic.twitter.com/GCDCbzdvid— EPL Feeds (@eplfeeds) February 23, 2018
Barcelona interested in Paul Pogba with Man Utd set to 'put star on the market' – Daily Star https://t.co/nJBWihqy9W
— Barcelona Fans (@barcelon__fans) February 22, 2018