Дома Трансфер зона Барселона го продава Брајтвајт и на него ќе заработи два милиони евра?

Барселона го продава Брајтвајт и на него ќе заработи два милиони евра?

Мартин Брајтвајт пристигна во Барселона во февруари од Леганес за 18 милиони евра.

Потоа Барса доби дозвола од Ла Лига да го регистрира Брајтвајт надвор од трансфер прозорецот затоа што во меѓувреме останаа без напаѓачи поради повреди. Овој напаѓач пристигна од Леганес, но се чини дека тој ќе го напушти „Камп Ноу“ по само половина година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


29-годишниот играч запиша 11 натпревари и постигна еден гол во дресот на Барселона во Ла Лига. Многумина во февруари рекоа дека Барса дала премногу пари за напаѓачот кој не е калибар за нив, но изгледа дека ќе ја поправат таа грешка.

Шпанските медиуми денес пишуваат дека Барселона скоро сигурно ќе го продаде Данецот летово затоа што се очекува да донесат звучно засилување во нападот. Наводно, Брајтвајт својата кариера ќе ја продолжи во Англија во дресот на Вест Хем.

Мундо Депортиво пишува дека овој лондонски клуб понудил 20 милиони евра за искусниот напаѓач, и дека Барса на крајот ќе заработи дури два милиони евра кога ќе се земе предвид сè.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…