Дома Топ вести Барселона го понудила Умтити на друг клуб, па добиле одговор: Дали е ова некаква шега?!

Барселона го понудила Умтити на друг клуб, па добиле одговор: Дали е ова некаква шега?!

Еден клуб помислил дека е „шега“ кога Барселона на состанокот им го понудила Самуел Умтити, кого очигледно никој повеќе не го сака.

Барселона веќе подолго време се обидува да се ослободи од дефанзивецот и од неговата висока плата, но најпрво тој одбиваше да си замине, а сега веќе никој не го сака.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Весникот „Спорт“ информира за настан кој се случил пред неколку месеци кога претставник на Барселона во преговори со некој европски клуб им го понудил Умтити.

Од клубот се изнасмеале и прашале: „Дали е тоа шега?“. Тие го сметаат него за веќе поранешен фудбалер.

28-годишниот дефанзивец има договор со Барселона до 2023 година, но заработува околу 10 милиони евра по сезона и ниту еден клуб не е спремен да му гарантира толкава плата.

Барселона во минатото му предложи намалување на платата, а Умтити не прифати, по што го навлече гневот на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…