Како што пренесуваат шпанските медиуми Пако Алкасер до крајот на денот би требало да ја напушти Барселона и да се пресели во Борусија Дортмунд.
Веќе подолго време се шпекулира дека „милионерите“ се заинтересирани за напаѓачот, а сега стигна потврда дека двата клуба постигнале договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алкасер ќе се пресели во Борусија Дортмунд на едногодишна позајмица, а следното лето германскиот клуб ќе има право на целосен откуп.
Алкасер пристигна во Барселона од Валенсија пред две години за 30 милиони евра, но не успеа да се наметне во ѕвездениот тим на „Камп Ноу“. Минатата сезона тој запиша 23 настапи за Каталонците на кои постигна 7 гола и 4 асистенции.