Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона го договорила првото летно засилување.
Одбраната на тимот е најслаба алка во моментов и поради тоа Лапорта не чекаше долго, па веќе договори засилување од Челзи, а станува збор за Андреас Кристенсен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот договор истекува на лето и во неколку наврати ја одби понудата на Челзи, па ќе замине како слободен агент.
25-годишниот Данец кариерата ќе ја продолжи на „Камп Ноу“ и веќе постигнал договор за 5-годишна соработка со Барселона.
Каталонски „Спорт“, објави дека Кристенсен успешно ги минал лекарските прегледи, ги прифатил условите што му ги понудил Лапорта и дека наскоро ќе го стави својот потпис на договорот.