Дома Трансфер зона Барселона го договорила првото зимско засилување за 50 милиони евра?

Барселона го договорила првото зимско засилување за 50 милиони евра?

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Барселона веќе речиси го договорила првото зимско засилување, а станува збор за португалскиот играч за врска Рубен Невеш, кој на „Камп Ноу“ би пристигнал од Вулверхемптон.

Невеш има договор со Вулвс до летото 2024 година, а сега наводно е решен дека е време за нов предизвик во кариерата. Медиумите пренесуваат дека поради Барселона веќе одбил неколку понуди. Претходно Невеше се поврзуваше со англиските гиганти, Манчестер Јунајтед и Челзи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш имал контакти со Барселона и во текот на летото, меѓутоа тогаш трансферот не се реализирал поради финансиските проблеми во Барселона. Ситуацијата во јануари наводно ќе биде поинаква и Барселона ќе може да си го дозволи.

Финанските детали според информациите биле договорени од претходно и Барселона за неговите услуги ќе треба да плати 50 милиони евра.

Невеш пристигна во Вулверхемптон во летото 2017 година од Порто за 20 милиони евра и се профилираше како најважен играч на овој тим. Во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…