Познато е дека Барселона има проблеми со финансискиот пер плеј, има многу долгови и каталонскиот клуб има проблем да регистрира нови играчи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова лето пристигна Дани Олмо, но клубот долго не можеше да го регистрира се до повредата на Андреас Кристенсен, и на негово место на крајот „влета“ репрезентативецот на Шпанија.
Меѓутоа, регистрацијата на Олмо трае само до крајот на оваа година и е неизвесно дали Барселона ќе успее да го регистрира за настапи во вториот дел од сезоната.
Утринава шпанските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да направи вистински хаос и да продаде еден од најважните играчи во тимот.
Станува збор за Жил Кунде кој оваа сезона е играч со најмногу одиграни минути, и одлично настапува на позицијата десен бек.