Дома Фудбал Барселона во првите три натпревари од Ла Лига без Меси?

Барселона во првите три натпревари од Ла Лига без Меси?

Во првите три натпревари од првенството Барселона би можела да биде без услугите на Лионел Меси.

Имено, како што пишуваат шпанските медиуми доколку аргентинскиот селектор го повика Меси во репрезентацијата и тој одговори на повикот за квалификационите натпревари со Еквадор и Боливија Барселона ќе биде без него во првите три средби.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За што се работи? За да игра за репрезентацијата Меси ќе мора да биде во двонеделен карантин, а бидејќи натпреварите против Еквадор и Боливија се на 8. и 13. октомври тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Виљареал, Селта и Севиља кои се на распоред на 27. и 30. Септември и 4. октомври.

Секако, повик од селекторот не значи дека Меси сигурно ќе одговори со оглед дека секогаш пости можност за договор. Ќе видиме како во овој случај ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим само еден ден по победата на Анфилд го одобри доаѓањето на големо засилување!

Само еден ден по победата на Анфилд стигнаа уште големи вести за навивачите на Манчестер Ј…