Осман Дембеле летото 2017 година како големо засилување пристигна во Барселона од редовите на Борусија Дортмунд.
Каталонскиот клуб за овој 22 годишен играч издвои неверојатни 140 милиони евра со што го направи втор најскап играч во историјата на Барселона. Од Дембеле очекуваа да биде замена за Нејмар, но тој во целост потфрли.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дембеле има големи проблеми со повредите, но и со однесувањето кое не му е за пофалба. Францускиот играч оваа сезона во Ла Лига одигра само пет натпревари и во овој момент е повреден, на терените ќе се врати во февруари.
Како што пишува каталонски „Спорт“ Барселона повеќе нема трпение со него и спремни се да го продадат доколку некој клуб понуди 100 милиони евра.
Премиерлигашите Челзи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед внамателно ја следат ситуацијата и ќе се борат за неговиот потпис бидејќи се спремни да ја платат бараната сума.