Андре Гомеш пристигна во Баселона од Валенсија како големо засилување, но на крај се покажа како промашување, па ова лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.
Англиските медиуми пренесуваат дека во пол-позиција за неговиот потпис е Арсенал, кој е спремен да плати 40 милиони евра за португалскиот репрезентативец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Унаи Емери е симпатизер на неговата игра и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим, а и самиот играч веќе им кажам ДА на „топџиите“.
Барслелона ќе биде задоволна од целата ситуација, бидејќи го донесе Португалецот за 37 милиони евра, а сега од неговата продажба ќе заработи 40 милиони евра.
Андре Гомеш не успеа да се вклопи во Барселона и во последната сезона главно ја грееше клупата, па поради тоа не беше повикан за португалската репрезентација на Мундијалот.