Дома Фудбал Барса не е сигурна: Постојат „лудаци“ кои можат да ја платат клаузулата на Меси!

Барса не е сигурна: Постојат „лудаци“ кои можат да ја платат клаузулата на Меси!

Барселона неодамна го продолжи договорот со Лео Меси и поучена од „случајот Нејмар“, во договорот на Аргентинецот стави астрономска откупна клаузула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клаузулата на Лео Меси во новиот договор изнесува 700 милиони евра, но Каталонците сметаат дека таа сума не го прави Аргентинецот недопирлив за апсолутно сите клубови во светот.

„Сите се луди“, изјави Панчо Шредер, шеф за финансии и стратегија во каталонскиот клуб.

„Ние ставивме клаузула за Меси, мислејќи дека е доволно да го задржиме во Барселона засекогаш. Пред една година мислевме дека клаузулата на Нејмар е доволна. Гледајќи во блиска иднина, мислам дека ќе биде тешко некој да плати за клаузулата на Меси. Сепак, немам кристална топка за да предвидам, но гледате дека сите се луди“, рече Шредер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус во финишот од преодниот рок може да се засили со италијански голгетер

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, сè уште се надева дека ќе донесе уште еден центарф…