Дома Трансфер зона Барса најблиску до потписот на Донарума

Барса најблиску до потписот на Донарума

Веќе започна борбата за потписот на Џанлуиџи Донарума, откако стана јасно дека голманот го напушта Милан како слободен агент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан не сакаше да му даде на Раиола провизија од 20 милиони евра и плата од 10 милиони евра по сезона на Донарума.

Тоа се барањата на Раиола од сите заинтересирани клубови, а јасно е дека само неколку клуба можат да си го дозволат тоа.

Последните информации од Шпанија се дека Барселона ги започнала преговорите со Донарума и е спремна да му понуди 10 милиони евра по сезона.

Лапорта е воодушевен од идејата да го ангажира Донарума без обештетување, а тоа ќе му отвори простор за продажба на Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…